Фудбал
25. April 2016 - 11:04

Рен и Монако одиграа без победник

 
 Екипите на Рен и Монако одиграа меч без победник 1:1 во рамките од 35.коло на фудбалското првество на Франција. 
 
Гостите од Монако ги делеа десет минути од освојување на тите бода, откако Хедер Коста 14 минута им донесе предност од 1:0, но во 81-минута Џовани Сио ги постави конечните 1:1.
 
Ова беше дуел на две екипи кои заедно со Ница и Сент Етјиен претендираат за двете места кои следната сезона носат пласман во Лига Европа. 
 
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати: Гингамп – Кан 1:1, Ајачо – Бастија 3:2, Монпеље – Tроа 4:1, Сенt Етјиен – Лориен 2:0, Олимпик Марсеј – Нант 1:1, Тулуз - Олимпик Лион 2:3 и 
Ница – Ремс 2:0. 
 
Натпреварот Лил – Анжи ќе се игра во среда, додека последниот меч од ова коло меѓу Бордо и ПСЖ кој беше одложен поради настапот на „Светците’’ во финалето на Лига купот кој го освоија, ќе се игра на 11 мај.
 
Табела: ПСЖ 86 бодови, Олимпик Лион 59, Монако 59, Ница 57, Сент Етјиен 57, Лил 52, Рен 52, Анжи 49 ...