Фудбал
14. March 2017 - 8:39

Реми во Памплома

 
Нерешено 1:1 заврши последниот натпревар од 27.коло на Шпанското фудбалско првенство одигран синоќа во Памплома меѓу Осасуна и Еибар.
 
Гостите поведоа со голот на Гарсија Мартинез во 72.минута, бод на Осасуна и донесе Кенан Кордо со погодокот постигнат седум минути подоцна.
 
Еибар е осми на табелата со 40 бода, Осасуна и натаму е последна со само 11 освоени бодови.
 
Резултати на натпревари од оваа рунда:
Депортиво Ла Коруња – Барселона 2:1,
Реал Сосиедад – Атлетик Билбао 0:2,
Гранада – Атлетико Мадрид 0:1,
Малага – Алавес 1:2,
Севиља – Леганес 1:1,
Валенсија – Хихон 1:1,
Реал Мадрид – Бетис 2:1,
Еспањол – Лас Палмас 4:3 и 
Селта – Виљареал 0:1.
 
Табела: Реал Мадрид 62 бода, Барселона 60, Севиља 57, Атлетико Мадрид 52, Виљареал 48, Реал Сосиедад 48, Атлетик Билбао 44,...