Македонија
15. November 2019 - 15:40

Ременски: Документи што не смееле да бидат одземени во незаконит претрес се одземени од мене

Пратеничката Фросина Ременски потврди дека Обвинителството при претресот на нејзината куќа пронашло документи и порача дека истите се одземени на незаконит начин и дека не се поврзани со кривично дело.

Потпретседателката на Собранието е осомничена во вториот дел од истрагата во случајот „Рекет“ со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски дека наводно нејзината позиција била користена за убедување на бизнисмените со кои се преговарало да вложат во проектите.

Таа реагира на вмешувањето на нејзиниот сопруг Јовче Ременски во натписот на МКД.мк и неговото доведување во негативен контекст. Ременски вели дека е нормално да поседува, како што вели таа, документи од надзори за злоупотреби на други лица и истите ги пријавила до надлежните органи, иако досега не добила одговор од нив.
 

„1. Сите странки во истражната постапка треба да се придржуваат кон тајноста и законитоста и на постапките што ги водат и на информациите што ги споделуваат со јавноста.

2. Потврдата од ОЈО за одземени документи, воедно и нивниот демант за природата и тематиката на документите е еден значаен аспект од објавената вест која не смее да биде извор на идни шпекулации и лажни вести.

3. Веста во порталот е објавена во пресрет на институционална потврда по моја претставка за крајно незаконит влез и претрес во мојот дом што отвара друга сериозна димензија за законитоста во постапување на надлежните за спроведување на истражното дејствие.

4. Вмешувањето на името на мојот сопруг Јовче Ременски во контекст на објавената веста, како и до сега го сметам за крајно злонамерно и тенденциозно, ако се земе во предвид фактот дека, документи што не смееле да бидат одземени во незаконит претрес се одземени од мене - Фросина Ременски, а не од мојот сопруг, и истите не се ниту предмет на кривично дело, ниту пак потекнуваат од кривично дело.

5. Да не заборавиме дека, согласно закон, документ со кој се прикрива кривично дело, пречекорување на овластувања или други незаконски дејствија не може да биде класифициран документ.

6. Како член на собраниска Комисија за надзор над УБК и АР од 2017 година сум била иницијатор за назори, а врз основа на добиени информации од надзори и добиени документи за злоупотреби, до денес, во вршење на служба имам поднесено неколку кривични пријави и барања за постапувања до надлежни органи, за сега без одговор. Тоа ќе се случува и понатаму.

7. Како поранешен министер и сегашен пратеник и потпретседател на Собраниетоод 2015 година поседувам безбедносен сертификат "Државна тајна".

8. Неточна е информацијата во објавениот текст дека сум во куќен притвор.

За сите други прашања поврзани со овој објавен текст и мој одговор, очекувам комуникација во/со ОЈО, а не во/преку медиуми.“напиша  Ременски на својот Фејсбук профил.