Loading Video...
Свет
3. July 2020 - 19:56

Ремдесивир е првиот лек против Ковид-19 кој доби условена дозвола за користење во Европската Унија

Ремдесивир е првиот лек против Ковид-19 кој доби условена дозвола за користење во Европската унија. Овој лек доби дозвола од Европската комисија по забрзана постапка по препорака на Европската агенција за лекови. Ремдесивирот се смета за еден од малкуте ефикасни лекови во борба против белодобрните заболувања кои ги предизикува коронавирусот. Сегашните студии покажуваат дека лекот може да го скрати престојот на заразените во болниците.

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува клиничкото испитување на вакцината што ја разви британскиот Универзитет „Оксфорд“. Од СЗО велат дека остануваат оптимисти дури и ако тековните клинички истражувања не дадат плод. Повеќе од 150 активни супстанци во моментов се анализираат во потрага по вакцина против вирусот. Како што јавуваат западните медиумите, Обично се потребни 10 до 15 години за да се развие вакцина, но глобалното ширење на вирусот ги натера научниците и фармацевтските компании да направат невидени напори за пронаоѓање  вакцина.

Жан Кастекс е новиот премиер на Франција откако Едуар Филип изутрината поднесе оставка од функцијата. Кастек беше назначен од претседателот Макрон. Новиот премиер е искусен политичар кој во минатото бил заменик секретар на претседателството на Републиката кога Саркози беше претседател, а беше и градоначалник на Прадес, град во источните Пиринеи. Последната функција на Кастекс беше поврзана со спроведување на мерките за излегување од изолација што беа воведени со епидемијата од коронавирусот. Филип си поднесе оставка откако Макрон најави дека ќе има реконструкција во Владата.