Македонија
22. December 2015 - 19:28

Ректорот тврди дека нема пречка за изградбата на факултетите во кампусот на УКИМ

Нема никаква пречка да се градат двата факултети во кампусот на УКИМ. Ректорот Велимир Стојковски вели дека целата постапка е транспарентна. Нови згради се градат по барање на ФИНКИ и факултетот за физичка култура, локацијата воопшто не е спорна зошто и двата факултети се членки на скопскиот универзитет. Управите на факултетите спорвеле содветни постапки а деканите учествувале и во идејните решенија на објектите. Земјиштето на УКИМ е во државна сопственост а државата е таа која има право да ги изведува градежни работи.

-Ништо не е спорно. По законот за градба, може да гради оној кој е сопственик на земјиштето. Двата факултета бараа од државата објекти и сега целата постапка ја води министерството за образование, изјави Велимир Стојовски ректор на УКИМ

Стојковски вели дека нема да свика вонредна седница на сенатот, сенаторите и професорите  многу добро биле информирани за ситуацијата со двата факултета.

-Вондерна седница се свикува кога имаме вонредна ситација, јас тука не гледам ништо што е толку итно, освен тоа дека државата им излага во пресрет на дрвата факултета

 Полициското обезбедување на кампусот во УКИМ е присутно од почеток на месецов а не било повикано дента кога се сечеле дрвата. Ректорот вели дека тој лично побарал поголема заштита на факултетите по предлог на деканите на филозофскиот и правниот факултет за поголема безбедност на студентите.