Македонија
11. August 2016 - 14:43

Рекреативниот центар во Богомила достапен за граѓаните од поплавените региони

Здружението на пензионери од Велес го отстапува рекреативниот центар во Богомила за граѓаните од поплавените подрачја во кој можат да се сместат околу 40 лица.

Ова денеска го соопшти претседателот на Сојузот на здружение на пензионери на Република Македонија Драги Аргировски при што истакна дека Сојузот активно се вклучил  во отстранување на последиците во поплавите.

- Здружението на пензионерите посебно од Гази Баба каде што е подрачјето  на оваа катастрофа формира посебна комисја,  ги посетуваат посебно старите и изнемоштени и во основа има еден апел за помош на тие постари лица дека им се потребни лекови и медицинска помош, истакна Аргировски.