Loading Video...
Свет
6. July 2019 - 19:30

Рекордно високи температури во Франција и Шпанија

Рекордно високи температури ги погодија Франција и Шпанија. Во овој дел од Европа наредниве денови се очекува живата во термометарот да се искачи и до  45 степени.  Регистрирани с и неколку смртни случаи и појава на пожари. Метеоролозите се загрижени дека ваквиот тренд ке стане се почест поради климатските промени.

Јуни беше најжежок за  Германија , Полска и Чешка со темпертаури над 40 степени , но студениот бран, кој се симнува од Русија,  донесе освежување за централно европскиот регион , а наредната недела пониски темепратури  се очекуваат и на  балканот.

Анкетите пред утрешните избори во Грција предвидуваат пораз за владеачаката партија Сириза  и победа на опозиционата  Нова демократија. Разликата е 13 проценти во корист на партијата на Мицотакис. На централниот митинг на Сириза во АТина , Ципрас порача дека во натпреварот е можен пресврт.  Доколку прогнозите се остварат,  Нова Демократија ќе освои апсолутно мнозинство во парламентот.

Во шпанскиот град Памплона започна традиционалниот фестивал , чија главна атракција се трки со бикови по градските улици . Пред почетокот стотици голи демонстранти протестираа против суровоста и  убивањето на  животните. Во трките со бикови учествуваат илјадници луѓе, главно мажи, облечени во бело, со црвени шамии околу вратот, а традиацијата датира од 16 век.