Loading Video...
Свет
17. December 2019 - 16:34

Рекордно висок рејтинг на Доналд Трамп

Неколку дена пред соочувањето со импичмент, рејтингот на американскиот претседател достигнува рекордно ниво. Поддршката за Доналд Трамп нарасна на 43% пред историското гласање за негово отповикување од функцијата, но неговата популарноста и понатаму е помала од онаа на повеќето негови претходници, во исто време во нивните мандати.

Се очекува Трамп во текот на оваа недела да стане третиот американски претседател што ќе се соочи со импичмент, кога Претставничкиот дом ќе гласа за обвиненијата дека тој ја злоупотребил својата моќ, барајќи од Украина да го испита неговиот политички ривал Џо Бајден.