Бизнис
14. јуни 2016 - 15:06

Рекордно ниска вредност на приходите од германските државни записи

Првпат во модерната историја на Германија приходот од државните обврзници со рок на доспевање од 10 години паднал под нула отсто, јави дописникот на МИА од Берлин.

Трендот, кој ги следи и другите европски финансиски центри, се случува откако во пресрет на гласањето на реверендумот за членство во ЕУ во Велика Британија меѓународните инвеститори ги намалија своите активности на глобалните пазари.

Покрај опасноста од напуштање на Велика Британија во ЕУ причините за историското најниско ниво на германските државни записи аналитичарите ги бараат и во загриженоста за негативните трендови во глобалната економија и ниската инфлација во еврозоната.

Според неколку различни анкети, бројот на приврзаниците на излегувањето на Велика Британија од Европската унија е во постојан раст што може да доведе до нови негативни еконосмки и финансиски трендови во ЕУ.