Свет
10. јуни 2020 - 11:36

Рекордно мал број во последните две недели - 8.404 нови случаи на коронавирус во Русија

Во Русија се потврдени уште 8.404 нови случаи на коронавирус, што е рекордно мал број во последните две недели.

 

Вкупниот број на инфицирани во Русија сега е 493.657, пренесува агенцијата „ТАСС“.

Русија по бројот на заразени е на третото место во светот, после САД и Бразил.

Од коронавирсус во таа земја починале уште 216 луѓе, па вкупниот број на смртни случаи сега е 6.358.

Оздравеле уште 10.386 заболени од Ковид-19, вкупно 252.783. Според податоците на кризниот центар, оздравени се 51% од сите заразени.