Loading Video...
Кошарка
7. January 2018 - 14:00

Рекордни сезонава 45 поени за Стеф Кари

Предводени од Стеф Кари и неговите рекордни сезонава 45 поени, акуелните НБА шампиони, кошаркарите на Голден Стејт забележаа победа ба гостувањето кај ЛА Клиперс со 121-105 во дербито на вечерта. 
 
Мечот го одбележа и повредата на првата ѕвезда на Клиперси, Блејк Грифин кој по неполни десет минути, несмасно се сопна од противничкиот играч, по што со главата удри во лактот на Џавејл Мекги. Грифин веднаш падна на подот и остана неколку минути додека тимските лекари му укажуваа помош. Првичните информации се дека Грифин претрпел потрес на мозокот, па неизвесно е колку ќе паузира. 
 
Вицепрвакот Кливленд славеше победа против Орландо од 127-131. Решавачка беше третата четвртина која „Кавси“ ја добија со 40-23. На Леброн Џејмс му недостасуваше една асистенција да оствари „трипл-дабил“ , па средбата ја заврши со со 33 поени, 10 скока и 9 асистенции.
 
Најнеизвесниот меч го одиграа Бостон и Бруклин во кој „Селтикси“ остварија победа со 87-85, благодарение на најрасположениот свој играч Кајри Ирвинг кој постигна 21 поен. 
 
Неочекуван пораз претрпе второпласираниот тим на Западот, Хјустон кој загуби на гости кај Детроит со 108-101. 
 
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати: Индијана - Чикаго 125:86, Орландо - Кливленд 127:131, Вашингтон - Милвоки 103:110, Минесота - Њу Орлеанс 116:98 и Сакраменто - Денвер 106:98.