Рекордни 65,3 милиони бегалци и раселени лица во светот во 2015 година
Бегалците и раселените лица во светот, кои избегале од конфликти и репресии, достигна рекорден број од 65,3 милиони лица во 2015 година, соопшти од Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).
Како што јави ДПА, според УНХЦР, конфликтите и прогоните во земји како Сирија и Авганистан, се основниот фактор за зголемувањето на бројот на бегалци и раселени лица.
Годишната статистика на УНХЦР покажува дека, лани прв пат е преминат прагот од 60 милиони бегалци и мигранти, односно, во просек еден на секои 113 лица во светот е потенцијален азилант, внатрешно раселено лице или бегалец.
Првиот човек на УНХЦР, Филипо Гранди истакна дека „факторите кои ги заплашуваат бегалците се повеќе се множат“.
- Ужасен е бројот на бегалци и мигранти кои загинуваат во морињата секоја година. Но, сите луѓе, бегалци од војната, не можат да го продолжат својот пат, бидејќи границите се затворени, додаде тој.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација