Кошарка
4. March 2020 - 9:11

Рекордни 51 поен на Леверт во неверојатиот „кам-бек“ на Бруклин за победа над Бостон

 
Екипите на Бостон и Бруклин го одиграа најнеизвесниот натпревар од синоќешната програма во НБА лигата. 
 
Победа остварија гостите со 129-120 и тоа по дополнителните пет минути ко иги добија со 11-2, откако регуларниот дел на мечот заврши нерешено 118-118. 
 
Вистински јунак за „Нетси“ беше Карис Леверт. „Селтикси“ имаа и 21 поени предност во второто полувреме, но гостите не се откажаа, а Лаверт во последната четвртина постигна 37 поени од рекордни за него во кариерата 51 поен. Придоа тој ги реализира ги трите слободи фрлања за израмнување на 2.десетинки до крајот на регуларниот дел. 
 
 
Од останатите натпревари ја издвојуваме мининалната победа на Сан Антонио на гостувањето кај Шарлот со 104-103, како и убедливите триумфи на двата тима од Лос Анџелес, односно „Клиперси“ кои како гости ја победија Оклахома со 109-94, додека „Лејкерси“ славеа против Филаделфија со 120-107.