Балкан
25. November 2020 - 15:13

Рекордни 3.603 новозаразени со коронавирус во Хрватска, се очекуваат нови мерки

Во Хрватска се регистрирани рекордни 3.603 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи се зголеми на вкупно 20.691. Починаа 56 лица.

На болничко лекување се 2.136 пациенти, а 240 лица се приклучени на апарати за дишење.

Денес во Хрватска треба да бидат објавени нови построги мерки за спречување на ширењето на инфекцијата со коронавирус. Кафулињата и рестораните се очекува да бидат затворени од сабота.