Свет
5. April 2018 - 12:24

Рекордна заплена на куќи поради незаконско производство на марихуана во Калифорнија

Во операција на американската полиција запленети се повеќе од стотина куќи во Калифорнија, кои се користеле за илегално производство на марихуана.

- Тоа беше голема операција при што се пронајдени милиони долари од Кина. Криминална организација со странски пари купувала куќи и ги пренаменувала во стаклени градини за одгледување на марихуана, изјави претставничка на даночната служба при Министерството за правда, Синди Чен.

Таа додаде дека во синоќешната операција пронајдени се над 60.000 стебла канабис, 200 килограми сува марихуана и 15 парчиња огнено оружје.

Операцијата е дел од истрагата што почнала во 2014 година, од кога полицијата следи купување на куќи преку трансакции од кинеската провинција Фиџиан. Куќите биле претворени во големи плантажи за марихуана, а во секоја од нив се одгледувале стотици дури и илјада стебла.