Рекордна 17-та победа на Вардар во СЕХА лигата | Сител Телевизија
Loading Video...
Ракомет
14. March 2018 - 12:53

Рекордна 17-та победа на Вардар во СЕХА лигата

Со победата над Нексе ракометарите на Вардар влегоа во историјата не регионалната СЕХА лига, како тим со најмногу победи.
 
Вардарци го добија последниот меч од групната фаза во СЕХА лигата совладувајќи го хрватскиот Нексе  со 29-25, иако во првиот дел противникот беше оној кој го контролираше резултатот. 
 
„Нексе денеска играше добро. Првото полувреме не функциониравме најдобро, второто беше малку подобро. Но имаме уште победа , тоа е најважното, сега ќе одмориме малку и ќе се спремаме за Ф4 турнирот“, изјави Раул Гонзалес тренерот на Вардар.
 
Со оваа победа вкупно 17-та сезонава и само еден нерешен резултат, Вардар влезе во историјата на регионалното натпреварување како тим со најмногу освоени бодови, но и со најмногу победи, соборувајќи го досегашниот рекордот на Веспрем (16 победи и две ремија).
 
„Влеговме малку лошо во првиот дел, но во вториот дел притиснавме и со помош на некои играчи кои беа распожени дојдовме до победа со која влеговме во историјата на СЕХА. Сега останува да се одмориме, а потоа да се подготвуваме за фајнал-форот во СЕХА и за четвтфиналето во Лигата на шампионите“, изјави Карачиќ.
 
За црвено-црните сега следува пауза, пред стартот на дуелите од македонскиот плеј-оф, а потоа и репрезентативна пауза, по што ќе следува завршниот турнир во СЕХА лигата,  а потоа и четвртфиналето од Лигата на шампионите.