Loading Video...
Кошарка
22. January 2019 - 13:51

Рекорди на Томсон и Дончиќ, пораз на Хјустон во дербито со Филаделфија

Од синоќешните натпревари во НБА лигата издвојуваме. Шутерското шоу на Клеј Томпсон кој постигна 44 поени во победата на Голден Стејт над Лос Анџелес Лејкерс (130-111), при што Томсон постави рекорд врзувајќи десет тројки во низа. 
 
Словенецот Лука Дончиќ го оствари својот прв „трипл-дабл“ учинок, со што стана вториот најмлад играч во историјата на НБА лигата кој имал вакво остварување. 
 
Сепак, иако Дончиќ имаше учинок од  18 поени, 11 скока и 10 асистенции, тоа не беше доволно неговиот тим Далас да избегне пораз на гостувањето кај Милвоки. 
 
Дербито на вечерта го доби Филаделфија која со 121-93 го совлада Хјустон.