Свет
9. July 2020 - 8:56

Рекорден пораст на новозаразени во Аргентина

 Во Аргентина денеска е регистриран рекорден број од 3.604 нови случаи на коронавирус, а земјата која на почетокот успешно одговори на пандемијата сега се бори со зголемување на бројот на заразени.

Ова е прв ден од почетокот на епидемијата кога дневното зголемување на бројот на новозаразени надмина 3.000, додека вкупниот број на случаи се искачи на 87.030.

Во изминатите 24 часа нема смртни случаи, а од почетокот на пандемијата има вкупно 1.694 починати.

Аргентинска Влада на левиот центар кон средината на март воведе строги мерки за затворање, кои се олеснети во поголемиот дел од земјата, но минатиот месец повторно беа вратени во Буенос Ајрес.

Пандемијата и нанесе голем удар на економијата на земјата, која веќе две години е во рецесија и должничка криза.

Економистите годинава очекуваат пад на економијата од 12 проценти.