Бизнис
18. January 2016 - 11:58

Рекорден пад: Од вторник нови цени на горивата во Македонија

Цената на нафтата забележа нов рекорден пад на светските берзи. Американската лесна сурова нафта денеска поевтини на Њујоршката трговска берза до 29 долари 01 центи, што е најниско ниво од ноември 2003 година, соопштува Франс прес.

Во петокот беше регистриран уште еден ден со цена на суровината под психолошката граница од 30 долари за барел.

Нов сериозен пад на цената на нафтата се очекува, откако ќе отпаднат трговските санкции против Иран, што може да се случи во следните неколку дена. Исламската република е меѓу главните извозници на суровината.

Северноморската нафта од типот брен, исто така се спушти на најниско ниво во историјата и се тргува по неверојатна цена од 27,67 долари за барел.

Доколку продолжи ваквите тренд, идниот вторник можеме да очекуваме најниска малопродажна цена на горивата во Македонија во последните неколку години.