Бизнис
29. January 2016 - 13:30

Рекорден пад на нафтата

Преголемата понуда, огромните залихи и неповолните економски објави додадоа дополнителен притисок на опаѓањето на цената на суровата нафта, која кон средината на јануари го достигна најниското ниво во последните 12 години, спуштајќи се на ниво од 30 долари за барел.

Цената на нафтата од типот Брент (која е референтна за европскиот пазар) со испорака во февруари утрово се движеше на ниво од 34,52 долари за барел, додека цената на суровата нафта од типот WTI  со испорака во февруари, утрово се движеше на ниво од 33,69 долари по барел, јавува Фена.

Исклучително благите временски прилики во Јапонија, Европа и САД, со истовремено слабо економско расположение во Кина, Бразил, Русија и останатите стоково-зависни економии го запреа последниот минатогодишен тромесечен раст на побарувачката за сурова нафта и ја спуштија на најниско годишно ниво (милион барели дневно) откако во претходното тромесечје побарувачката достигна највисоко ниво во речиси пет години (2,1 милион б/д).

Според предвувувањата на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) оваа година не очекува умерен раст на побарувачката на 1,2 милиони барели дневно.

Што се однесува на понудата, светското дневно производство на нафта зголемено е за 2,6 милиони б/д во минатата година. Сепак, во декември растот е намален на 0,6 милиони б/д како последица на намаленото производство во земјите кои не се членки на ОПЕК. Производството на нафта во земјите-членки на ОПЕК е намалена во декември за 90.000 барели дневно на се уште високите 32,28 милиони б/д, што го вклучува и производството на повторно приклучената Индонезија, пренесува Фена.

Натаму, Иран, по укинувањето на санкциите, наведува дека планира да го поттикне производството за дополнителни 500.000 б/д. Според проценките на ИЕА околу 300.000 б/д дополнителна нафта би можеле да се најдат на светските пазари до крајот на тековното тромесечје.

Аналитичарите очекуваат дека цената на нафтата би требало постепено да се опоравува кон крјаот на годината, а главната причина ја гледаат во падот на производството на нафта од шкрилци (САД) и зголемување на глобалната побарувачка по нафта во третото и четвртото тромесечје за 2016 година за 1,5 милиони барели дневно во однос на првата половина на 2016, јавува Индекс.хр.