Бизнис
9. March 2020 - 16:39

Рекорден пад на цената на нафтата

Рекорден пад на цената на нафтата на светските берзи. Изгуби над 30% од вредноста по одлуката Саудиска Арабија да започне ценовна војна против Русија. Се почна по крахот на состанокот на земјите членки на ОПЕК и Русија во петокот, кога Москва го  одби предогот на картелот за намалување на производството, по намалената побарувачка поради корона вирусот, со цел  да се зголеми цената на црното злато.

Овој неуспех на состанокот ја шокираше нафтената индустрија, а денешниот ден е најлош во последните 20 години, односно од Заливската војна од 1991 та година. Брент нафтата падна на 31,4 долари за барел, додека сировата нафта на 30 долари за барел. Драматичниот пад се одрази и кај нас.

Аналитичарите предупредуваат дена нафтата би можела да падне на 20 долари за барел, која може да нанесе значајни загуби на производителите во светот, особено на Венецуела и Иран, а долготрајниот пад проблем е и за серизоно задолжените компании во Америка, кои се принудени да отпушаат вработени.

Падот на вредноста на нафтата не одговара никому, бидејќи може да предзизвика сериозни буџетски дефицити на многу држави, што многу брзо ќе го  почуствуваат граѓаните со драстично зголемување на цените.

Црниот понеделник ги раздрма и берзите, кои веќе се под притисоки на корона вирусот. Индексот на Лондонската берза изгуби 7отсто од вредноста, а во Париз и Франкфурт над 6% .Реагираше и македонската, коде берзанските индекси паднаа за  речиси 6%.