Живот
24. February 2016 - 9:40

Рекорден говор на јужнокорејска пратеничка од 10 часа и 18 минути

Опозициската пратеничка во јужнокорејскиот Парламент, Еун Су-ми одржа рекордно долг говор од собраниската говорница во траење од 10 часа и 18 минути, во обид да го блокира усвојувањето на антитерориситчкиот закон.

Како што јави Јонхап, Еун го почнала обраќањето во 2:30 часот по локално време (18:30 вчера по средноевропско време) и го завршила во 12:48 минути (4:48 утрово по средноевропско време).

Со својот говор Еун го надмина досегашниот рекорд во должина на обраќање во Националното собрание на Јужна Кореја стар 47 години. Досегашниот рекорден говор изнесуваше 10 часа и 15 минути, кој во 1969 година го одржа тогашниот опозициски пратеник Парк Хан-санг.