Свет
18. October 2020 - 9:43

Рекорден број на заразени во Франција

Во Франција вчера се регистрирани рекордни 32.427 новозаразени со коронавирусот, соопшти француското Министерство за здравство.

Од последниот пресек починале уште 90 лица.

Од почетокот на пандемијата во Франција се заразиле вкупно 867.197 лица, а 33.392 починале.