Фудбал
29. April 2016 - 11:25

Рекорд-снимена химна за ЕП 2016 со милион навивачи

Еден од најпопуларните диск џокеи на планетата и продуцент Дејвид Гета ја сними химната за ЕП во фудбал во Франција и постави светски рекорд откако дури 1 милион фанови ја создале навивачката атмосфера за овој потфат.

За снимањето на химната-"This One`s For You", Гета ги повикал љубителите и фудбалските фанови од целиот свет да присустуваат на овој несекојдневен настан и бил фрапиран колкава била бројата на оние кои пристигнале на местото на настанот. 
Пред стартот на ЕП во Франција, Гета ќе одржи концерт пред рекорден број обожаватели под Ајфеловата кула е првенството ќе биде отворено со химната на Стад де Франс во Париз.