Македонија
6. September 2016 - 15:12

Реконтруиран покривот на светниколското училиште „Кирил и Методиј“

Заврши реконструкцијата на покривната конструкција на Општинското основно училиште (ООУ) „Кирил и Методиј“, инвестиција на Општина Свети Николе.

Портпаролот на Општина Свети Николе, Драги Миланов денеска информира дека по повеќе од пет децении, на Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ е заменет стариот и дотраен покрив од азбестни плочи со современи панели кои целосно одговараат на стандардите за енергетска ефикасност и заштита на животната средина.

- Ова е реализација на уште еден проект кој е многу значаен за осовременување на условите за настава за учениците, како и за заштита на здравјето на децата и наставниците. Локалната самоуправа издвои средства во висина од четири и пол милиони денари за санирање на овој дамнешен проблем, вели Миланов.

Тој истакна дека реконструиран кат добија и средношколците во гимназијата „Кочо Рацин“, каде што од општинскиот буџет се променети прозорците, а во ООУ „Даме Груев“ во село Ерџелија со средства од Министерството за образование завршена е реконструкцијата на стариот покрив, променети се вратите и прозорците и целосно е уреден внатрешниот дел  со цел  учениците да имаат современа настава  во ова училиште.вдј/14:50