Реконструкцијата во „Св. Еразмо“ во Охрид според планот, завршени 80 отсто од работите
Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети ЈЗУ Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде на 21 јануари почнаа градежни активности за реконструкција и дозавршување на делот на оперативните сали и интензивната нега.
Од Министерството за здравство соопштија дека градежните активности се одвиваат според планираната динамика и без застој, и во моментот 80 отсто од реконструкцијата е завршена. Рокот за завршување на објектот е септември.
Со реконструкцијата, како што се наведува, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ ќе добие современ регионален центар од областа на ортопедија и трауматологија и ќе се отворат пет нови оперативни сали, со амбулантско-болнички и стационарен дел, по сите европски стандарди, со овозможување поквалитетни здравствени услуги на пациентите, здравствените работници и воведување нови методи во лекувањето на пациентите од областа на ортопедија и трауматологија. Се посочува дека се очекува драстично намалување на постојните листи на чекање, современ и брз третман на итните ортопедско-трауматолошки и неврохируршки случаи.
И покрај процесот на реконструкција, во болницата се извршуваат сите предвидени активности, согласно планот за вид и обем на здравствени услуги во специјалистичко-консултативна здравствена заштита и болничката здравствена заштита.
Во 2018 година, во болницата се реализираа нови вработувања на повеќе здравствени работници, меѓу кои по еден доктор на медицина и доктор специјалист ортопед, како и тројца рендген технолози, двајца физиотерапевти и 30 медицински сестри. Во болницата моментално има 272 вработени, стои во соопштението од Министерството.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ