Свет
3. August 2016 - 11:27

Реконструкција на владата во Јапонија

Jaпонскиот премиер Шинѕо Абе денеска смени неколку министри во неговата Влада, вклучитено и оние за одбрана и економија, јавија јапонските медиуми.

За нов министер за одбрана е назначена адвокатката Томоми Инада (57). Досега таа беше претседател на Политичкиот совет на владејачката Либерално демократска партија. На својата нова функција таа ќе го замени Ген Накатани. Томоми Инада е втората жена, која е поставена на чело на Министерството за одбрана по Јурико Коике.

Инада е позната по своите крајно конзервативни убедувања. Во претходниот состав на Владата таа беше министер за административна реформа.

Владината реконструкција уследи само еден ден откако јапонската Влада ја објави својата „Бела книга“ за постапките на Кина, односно за, како што е наведено, „територијалните претензии на Пекинг“. Инада ја очекува и справувањето со ситуацијата околу севернокорејските ракети.

За министер за економија, трговија и индустрија е назначен Хирошиге Секо, кој досега беше заменик главен секретар на министерскиот совет.

Разрешени се и првите луѓе на министерствата за правда, обнова и неколку други второстепени ресори. 3асега, не се познати имињата на новите министри.

Потпретседателот на Владата и министер за финансии Таро Асо останува на функцијата, како и неколку други министри. Прв дипломат и натаму останува Фумио Кишида.