Македонија
29. November 2018 - 20:04

Реконструкција на трибините на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид

 Со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА Општина Охрид ќе ги реконструира трибините на фудбалскиот стадион во Спортско-рекреативниот центар „ Билјанини извори“.

Вредноста на проектот што се очекува значајно да придонесе за развој на спортот во Охрид, изнесува 800 илјади евра.

Фудбалската федерација на Македонија од УЕФА и Програмата за развој официјално доби дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти.Во рамките на истата програма за развој, ќе се реконструираат и трибините на стадионот „ Чаир“ во Скопје.