Македонија
3. February 2016 - 13:46

Реконструкција на стариот културен дом во Облешево

Во рамките на прекуграничната соработка со општини од Република Бугарија, општина Чешиново-Облешево аплицираше со проектот за реконструкција на старата зграда на културниот дом во Облешево, изградена во 1946 година.
 
Изминатите години во неа беа сместени некогашната општина Облешево, Матичната служа и неколку невладини организации. 
 
-Ова е прв заеднички проект што нашата општина ке го  реализира со општината Бобов Дол од Република Бугариј. Во овој прокет  бугарската општина е носител на активностите и истиот е  во висина од 230 илајди евра, изјави Катерина Постолова од општина Чешиново-Облешево.
 
Во реконструираниот културен дом во Облешево, според Постолова, ке има музејска збирка со археолошки и етнолошки артефакти од облешевскиот крај, сала за состаноци, мала сала за работа на фолклорни и пејачки групи и музичари.