Македонија
19. November 2019 - 15:16

Реконструкција на повеќе улици во Љуботенски Пат

Општина Бутел почна со реконструкција на повеќе улици во населеното место Љуботенски Пат.

Како што соопшти Општината, во завршна фаза е целосната реконтрукцијата на крак од улица „30“ во Љуботенски Пат, каде што е поставен асфалт во површина од 850 квадратни метри со подигање и нивелирање на шахти.

На крак 2 од улица „30“ поставен е асфалт со површина од 250 квадратни метри и на последна 8-ка наскоро отпочнува реконструкција на патот со тампонирање, асфалтирање и поставување на атмосферска решетка. Проширувањето на патот ќе биде во ширина од четири метри и должина од сто метри.

Во наредниот период, наведуваат од Општината, следат повеќе активности предвидени за ова населено место како реконструкции на поголем број улици и санирање на спортското игралиште во ова населено место.