Македонија
5. August 2016 - 10:12

Реконструкција на пешачките патеки во паркот „Жена борец“

Град Скопје информира дека ќе се изврши реконструкција на пешачките патеки во паркот „Жена борец“, ќе се постави ново осветлување, ќе се обнови зеленилото и ќе биде поставена нова урбана опрема.

Градежните работи на терен ги извршува фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци.