Македонија
28. September 2017 - 9:38

Реконструкција на четири улици во Ѓорче Петров

Договорот за реконструкција и изградба на четири улици потпишаа општината Ѓорче Петров и Ленди Груп ДООЕЛ Скопје.

Договорот е вреден 19.867,875 денари, соопшти Општината. На улицата „Алекса Демниевски“ ќе се поставува ново улично осветлување, нов асфалтен слој, ќе се изведе атмаосферска канализација, нова водоводна мрежа и тротоари.

На улицата „Пробиштипска“ ќе се вади стариот асфалтен слој, шахти, на улицата „Знеполе“ ќе се гребе старата асфалтна подлога и ќе се постави нов слој, ќе се изврши корекција на шахти и шибери.

На улицата „ 2“ кај ООУ „Мирче Ацев“ ќе се отстрани стариот слој на асфалт,  ќе се поставуват нов тампонски слој и нов асфалт, ќе се изведе атмосферска канализација, воедно ќе биде поставено ново улично осветлување и нови тротоари.

Средствата со кои ќе се реализира овој проект се грант од Светска банка доделен на општината Ѓорче Петров.