Македонија
27. May 2019 - 12:36

Реконструирање на водоводната линија на ул „Григор Прличев” во Делчево

Во тек е реконструкцијата на старата водоводна линија на улицата „Григор Прличев“ во населбата Милково Брдо во Делчево. Станува збор за замена на старата и дотарена водоводна инсталација на оваа улица изградена од поцинковани цевки, која како што информираат од претпријатието треба да биде заменета со нова.

– На овој потег од градот се случуваат чести дефекти и затоа старата водоводна мрежа ќе биде заменета со нови полиетиленски цевки. Должината на линијата каде ќе бидат заменети цевките, изнесува 300 метри. Работите ги изведуваат наши екипи, а инвестицијата е на Општина Делчево, соопштија од ЈПКД „Брегалница”.

Согласно со Програмата на претпријатието, во текот на оваа календарска година е предвидена и реконструкција на критични водоводни линии во градот. 

Во таа насока, како што дополнија од претпријатието, старите азбестно-цементни инсталација ќе се заменуваат со нови полиетиленски цевки.