Реконструирање на водоводната линија на ул „Григор Прличев” во Делчево
Во тек е реконструкцијата на старата водоводна линија на улицата „Григор Прличев“ во населбата Милково Брдо во Делчево. Станува збор за замена на старата и дотарена водоводна инсталација на оваа улица изградена од поцинковани цевки, која како што информираат од претпријатието треба да биде заменета со нова.
– На овој потег од градот се случуваат чести дефекти и затоа старата водоводна мрежа ќе биде заменета со нови полиетиленски цевки. Должината на линијата каде ќе бидат заменети цевките, изнесува 300 метри. Работите ги изведуваат наши екипи, а инвестицијата е на Општина Делчево, соопштија од ЈПКД „Брегалница”.
Согласно со Програмата на претпријатието, во текот на оваа календарска година е предвидена и реконструкција на критични водоводни линии во градот.
Во таа насока, како што дополнија од претпријатието, старите азбестно-цементни инсталација ќе се заменуваат со нови полиетиленски цевки.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок