Македонија
7. August 2015 - 11:44

Реконструирана улицата „Злате Михајловски“ во Хром

Целосно е реконструирана улицата „Злате Михајловски“ во населбата Хром, општина Ѓорче Петров.

- Градежните работници од АД „ Карпош“ го нанесоа и последниот слој на асфалтна маса, а привршуваат со поставување на бекатон плочки на тротоарот од десната страна на улицата. Тротоарот на левата страна е завршен, информира општина Ѓорче Петров. 

Инако улицата е долга 394 метри и широка 6 метри. Ова е прв поголем зафат во последниве 45 години на оваа, до неодамна , улица полна со ударни дупки. Поставена е и 76 метри нова атмосферска канализациона мрежа со што е решен долгогодишниот проблем на собирање вода после најмали врнежи и претставуваше голем проблем за жителите на еден дел од улицата.