Македонија
19. April 2016 - 10:48

Реконструирана улицата „Никола Тримпаре“ во Центар

Општина Центар целосно ја реконструираше улицата „Никола Тримпаре“. На овој потег комплетно се обновени коловозот и тротоарите, изваден е стариот слој, направена е нова бонификација на тлото и е поставена нова тампонска подлога. 

На улицата е нанесен нов асфалт од два слоја, тротоарите се поплочени со бехатон плочки, сите кабли на операторите се вметнати под земја, а отстранети се и старите бандери.

Реконструкцијата е дел од акцијата  „Нова пролет, нова офанзива!", велат од општина Центар и најавуваат скорешно комплетно реконструирање и на улицата „Апостол Гусларот“.