Македонија
12. March 2019 - 11:08

Реконструирана улицата „Карпошово востание“

Општина Карпош заврши со реконструкција на поголема делница од улицата „Карпошово востание“,  во урбаната заедница Карпош 3.

Од Општина Карпош информираат дека се асфалтирани 390 метри од улицата и поставен е повеќеслоен асфалт, со што е  зголемена безбедноста за движење на возилата и другите учесници во сообраќајот.

Локалната самоуправа интензивно работи на подобрување на севкупната инфраструктура во Карпош, откако неодамна се обнови и ул. „Даскал Камче“, во Карпош 1.