Македонија
22. October 2018 - 14:08

Реконструирана улицата „Антон Попов“ во Кисела Вода

Викендов заврши целосната реконструкција на улицата „Антон Попов“ во Кисела Вода, која почна минатиот месец. Градските власти за оваа активност од својот буџет издвоија 5,5 милиони денари.

Улицата „Антон Попов“ изминатиов период беше реконструирана на потегот од крстосницата со улицата „Павел Шатев“ до улицата „Димо Хаџи Димов“, во вкупна должина од 584 метри. На оваа делница е поставен нов асфалт, а извршено е и нивелирање на 37 постојни шахти и сливници.

Реконструкцијата на улицата „Антон Попов“ е дел од инфраструктурните проекти што ги реализира Град Скопје со цел овозможување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во главниот град.