„Рекет” продолжува со материјални докази
Судењето за „Рекет“ денеска продолжува со презентација на материјални докази од страна на Обвинителството за организиран криминал. Судскиот процес против Бојан Јовановски и Катица Јанева влегува во нова фаза откога заврши презентацијата на сведоци од страна на обвинителството.
На последното рочиште за предметот „Рекет“ сведочеа Лидија Младеновиќ, ќерка на сопственикот на продавницата за мебел „Зона мебел“, судијката Мери Дика-Георгиевска од Апелацискиот суд Скопје, кума на обвинетиот Јовановски, и Сања Димовска, шефица на кабинетот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, сега второобвинета во „Рекет“.
Претходно, во овој предмет сведочеа и поранешните обвинители на СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, односно на почеток на судењето сведочеше и Јордан Камчев, обвинет во случајот „Империја”.
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата