Бизнис
5. November 2021 - 16:37

РЕК има залихи од 40.000 тони јаглен

Околу 10 илјади тони јаглен дневно за производство на струја трошат двата блока во РЕК Битола, ова го покажува последниот извештај на ЕСМ. А ако работат сите три се трошат и до 15 илјади тони. Но во моментов во РЕК дневно успеваат да ископаат до 5.000 тони и залихите се околу 40 илјади тони. Со овие бројки се отвара прашањето за колку време има јаглен на депонијата. Според Бектеши количните се доволни за неколку дена, но експертите веќе догло време алармираат дека нема ниту за една недела.

Во вторник комисијата предводена од Бектеши ќе бара и прогласување на кризна состојба. Очекува наредната недела енергетските компани да ја добијат потребна финансиска  поддршка. На располагање има 100 милиони евра. Според експертите на енерегтксите компании  во секторот се потребни над 200 милиони евра. Бектеши уверува пари има буџетото е ликвиден.

Во меѓувреме ЕСМ сеуште ги разгледува понудите од тендерот на кој компанијата бара 900 илјади тони јаглен за третиот блок во РЕК.  Од каде ќе се донесе во земјава ќе се знае до крајот на следната недела. Количините до РЕК ќе се транспортираат со камиони. Залихи нема да се трупаат и ќе се внесува коку што се дневните потреби. Овие 900 илјади тони јаглен ќе бидат за потребите во наредните 6 месеци. За еден месец за работа на блокот се потреби околу 150 илајди тони јаглен.

За дестина дена и МЕПСО треба да ја добие фактурата за користење на струјата од европската мрежа. Според пресметките за октомври таа би изнесувала најмалку 15 милиони евра. Од компанијата се надеваат дека нема да имаат потреба да плаќаат дневни пенали од 1 милион евра.