Македонија
3. March 2020 - 15:17

РЕК Битола по изборите ќе добие А интегрирана дозвола

Раководството на АД Електрани на Македонија (ЕСМ) очекува Рударско енергетскиот комбинат (РЕК) Битола да добие А интегрирана дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) по предвремените парламентарни избори во април.

Оперативниот план за дозволата опфаќа проекти во вредност од 300 милиони евра. Нивната реализација треба да се заокружи до крајот на 2025 година, со што се очекува да се сведе на минимум уделот што го има овој комбинат во загадувањето на воздухот во Битола, а којшто, според проценките на невладините организации, изнесува 15 до 20 отсто.

– На крајот на минатата година е усогласен документот помеѓу ЕСМ, РЕК Битола и МЖСПП, на почетокот на годинава се одржа јавна расправа и моменто е во МЖСПП. За нас како компанија  е усогласен, има насоки како треба да се движиме  и сметаме дека за месец -два ќе ги добиеме. Има застој поврзан, пред се, со парламентарните избори. Треба да се усогласат уште некои ставови и да се стават и во законска регулатива и потоа да ги официјализираме чекорите што веќе ги преземаме како компанија затоа што самото добивање на интегрираната  дозвола не не кочи во процесот на имплементација на нашите проекти поврзни и со отпепелувањето и со десулфуризацијата, реконструкцијата на електростатските филтри  и сите еколошки проекти што согласно со законските регулативи како компанија мора да ги почитуваме, рече денеска на прес-конференција директорот на ЕСМ Васко Ковачевски.

Реализирани се 40 проценти од оперативниот план. Во тек е  подготовка на документација за реконструкција на електростатските филтри, коиспоред оперативниот план треба да се завршат во 2020, 2021 и2022 година како прва фаза од овој еколошки проект во комбинатот. Втората фаза е десулфуризацијата, што ќе почне во 2023, а треба да заврши во 2025 година.

Според директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски, нема официјални податоци за учеството на комбинатот во загадувањето на Битола, но проценките на невладините организации покажуваат дека тој изнесува меѓу 15 и 20 проценти. –  Со овие мерки секако очекуваме и овие 15 до 20  проценти коишто можеби делуваат малку, но значат нарушување на здравјето на луѓето, да ги сведеме близу на нула, а за што ќе вложиме 300 милиони евра. Целта е со исполнување на сите мерки од оперативниот план, за што крајниот рок е 2025 година, загадувањето од РЕК Битола да го сведеме на законски дозволените рамки  во државата и во рамки на ЕУ во тој период, рече Ќурчиевски.

Со постојните наоѓалишта на јаглен на располагање им се залихи за непречена работа за уште 10 до 14 години. Со проектот за површинска експлоатација на наоѓалиштето Живојно и проектот за јамска експлоатација  раководството планира да го продолжи животниот век на РЕК Битола во наредните 20 до 25 години.

Одговарајќи на новинарски прашања Ковачевски истакна дека како компанија се грижат за хидрологијата  и оти наспроти одредени реакции во јавноста не го зголемиле производството по тој основ.

– Од планираното производство на хидропотенцијалите произведовме 60 проценти, за разлика од термоелектраната Битола каде наместо 110 проценти имавме 114, што значи дека минусот  го надополнивме на таа страна. Ги следиме состојбите на хидропотенцијалот и никогаш не е паднат под минимумот. Од она што се гледа го нема максимумот, но никогаш не сме паднале до кота на минумум и одговорно тврдиме дека никако не сме можеле и не смееме да влијаеме врз живитната средина во однос на хидропотенцијалот, рече Ковачевски.

Коментирајќи ја можноста за промена на цената на струјата, истакна дека за да ја задржат ниската цена се трудат да ги намалат трошоците и оти тие се во рамки на проектираното.

– Како компанија имаме донесено одлука и договор со универзалниот снабдувач ЕВН хоум за првите шест месеци од годината за којшто гарантираме продажна цена на нашата компанија кон универзалниот снабдувач. Во мај тие ќе објават повик на којшто ќе требада се појавиме, нормално тие се  универзален снабдувач и немат обврска да ја набавуваат енергијата однас. Како компанија за да ја задржиме ниската цена на струјата серозно внимаваме на трошоците, ги намалуваме, а на сметка на тоа гледаме и да го зголемиме производството, рече Ковачевски, дополнувајќи дека врз крајната цена не влијаат само тие како производители.

Се грижиме, потенцираше, граѓаните да имаат ниска и стабилна цена на струјата, којашто моментно е најниска во Европа. Трошоците ни се во рамки на проектираното.

Како што потенцираше Ковачевски, РЕК Битола е столбот на енергетскиот систем во државата со учество од 80 проценти во вкупното производство на електрична енергија на АД ЕСМ. – Тоа е нашата базна енергија што секогаш мора да ја имаме. Токму затоа се потпираме на РЕК Битола и во моментот и во блиска иднина, што не значи дека во иднина ќе биде една и основна.  Целта и стратегијата на нашата компанија е веќе почната  со енергетската трансфрормација, со почнатите инвстиции во обновливи извори на енергија, почна проектот за  изградба на 10 мегаватна фотонапонска електрана во РЕК Осломеј, таму е во тек постапка за документација за уште нови 10 мегавати, почната е постапка за јавно приватно партнерство за 100 мегавати  фотонапонска централа во Осломеј , што значи дека таму ќе заокружиме 120 мегавати  произвдство од сонце, што е еквивалент на досегашното производство од јаглен во РЕК Осломеј, појасни Ковачевски.

Во РЕК Битола е завршена модернизацијата на блок 2 и бок три, што стартуваше пред 10 години, а се бара решение како да се модернизира и блок 1, дали ќе остане на јаглен од сопствено производство, од увозен висококвалитетен што ќе загадува помалку или на друг енергенс. Од објавените планирани инвестиците, изградбата на хидроелектраната Чебрен со капацитет од 33 мегавати треба да замени 1,5 блока од РЕК Битола. Ветерниот парк во Богданци се заокружува на 50 мегавати, а на толку се проектира и новиот парк во Миравци.

Рударско енергетскиот комбинат Битола денеска  ја заокружи набавката на нови шест еко автобуси за транспорт на вработените, а  за месец и половина треба да заврши постапката за набавка на сопствена механизација за транспорт на ископ на руда, што треба да биде испорачана пред или на почетокот на новата грејна сезона.На тендерот се пријавени 12 компании.