Бизнис
3. March 2020 - 19:37

РЕК Битола и во следните 20 години ќе произведува струја од јаглен

И во следните 20 години Рек Битола ќе продолжи да произведува струја од јаглен.

И покрај предупредувањата од Европската енергетска заедница да се намали употребата на овој енергенс, надлежните велат дека во моментов има залихи за непречно работење на Рек за следните 10 до 14 годинии , но со јамската експлоатација на јаглен ќе се обезбедат нови количини и за понатаму. Сепак од компанијата тврдат дека вложуваат и во производство на струја од обновливи извори.

Инаку Рек учествува со 15 до 20 отсто во вкупното загадување на Битола и околината.

Од државните електрани уверуваат дека внимаваат со трошењето, за да не дојде до раст на цената на струјата. Нова корекција треба да има кон средината на годината. - изјави Васко Ковачевски- директор на ЕСМ.

Поради топлото време и ниското ниво на врнежи производството на струја од хидроцентралите е намалено. Произведени се 60 од планираните 100 проценти елеткрична енергија од хидропотенцијалот. Но од државните електрани тврдат дека нема да се дозволи водата во сите акумулации и во Охридкото езеро да го помине еколошкиот минимум. - изјави Васко Ковачевски- директор на ЕСМ.