Џет-Сет
8. July 2016 - 19:15

„Рејдар Онлајн“: Селин Дион доживеа нервен слом

По неколкуте семејни трагедии кои ги доживеа во последно време, познатата пејачка Селин Дион е на работ на нервен слом, тврди таблоидот „Рејдар Онлајн“.

Канадската пејачка пред половина година го загуби сопругот и долгогодишен менаџер Рене Анжели (73), кој почина од рак на грлото, а само па два дена, исто така од канцер, почина и нејзиниот братот Даниел (59). 

Пејачката сега наводно е на самиот раб на нервен слом. Таа е видно ослабена, ретко излегува од дома, а се соочува со параноја, наведува „Рејдар Онлајн“.

Изданието тврди и дека Селин тагата почнала „да ја лекува“ со алкохол и лекови. Според наводите на таблоидот, пејачката не е во состојба ниту да се грижи за трите сина.

Меѓутоа, Дион го негира ваквите тврдења и најавува враќање на големата сцена.

Можеби токму музиката е она што и треба за да ги излекува раните и да се врати на старите патеки на успехот и славата.