Бизнис
26. October 2016 - 14:56

Рехабилитација на левиот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“

Наскоро треба да започне рехабилитација на левиот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, за што Акционерското друштво Водостопанство на Македонија инвестираше 500 илјади денари  за изработка  на  проектот за рехабилитација. 

- Со изработката на самиот проект добивме соодветен технички документ со кој ќе ги подобриме условите за функцинирање на каналот, како и намалување на загубите на вода и задоволување на потребите на крајните корисници. Ова е планирана реконструкција на каналот и неговите оштетувања на делницата од село Зрновци до село Бурилчево во должина од 20 километри, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.

Овој проект, истакна Гоцев, е финансиран од ИПАРД програмата, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руалниот развој. Тој очекува наскоро да започне и рехабилитација на овој дел од системот.

Левиот магистрален канал –делница до Зрновци функцинираше и оваа наводнителна сезона, благодарение на ангажираноста на Водостопанство Кочани и општина Зрновци, со навременото чистење на каналите од наноси од земја и дрва, истакна Гоцев.