Регулаторната комисија за енергетика со нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати по кои од полноќ ќе полниме гориво во нашите автомобили. Во моментов цената на суровата нафта на светските берзи бележи надолен тренд.
Во петокот, американската лесна нафта на берзата во Њујорк поевтини за половина долар и за испорака во август се продаваше по цена од 53,33 долари за барел.
62 центи поевтини нафтата на берзата во Лондон и во петокот се продаваше за 59,23 долари за барел. Токму цените на лондонската берза се значајни за Македонија, бидејќи регулаторот врз основа на нив, ги креира малопродажните цени.
Ако се има предвид дека на 29 јуни, кога последен пат се формираа цените во Македонија, барел нафта се тргуваше за просечна цена од 62,4 долари, за очекување е да следи намалување на цените и во земјава.
Во моментов ЕУРОСУПЕР БС 95 и ЕУРОСУПЕР БС 90 се продаваат по цена од 71 односно 73 денари по литар, додека цената на дизелот изнесува 55 денари за еден литар.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација