Регулаторна одлучи: Бензините поскапуваат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголеми за еден денар за литар и ќе изнесува изнесува 60,50 денари. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми исто така за 1 денар и ќе се продава за 62,50 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемија за половина 1,5 денари за литар и чинат по 53 денари.
Со одлуката на РКЕ за 1,02 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 27,481 денари.
Ова е трета недела по ред како се зголемуваат цените на горивата. Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референетни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена на бензинот во просек како и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море