Бизнис
15. July 2019 - 17:53

Регулаторна ќе ја одредува крајната цена на водата

Регулаторната комисија ќе бара од први јануари 2021 година да ја утврдува конечната цена на водата во општините и таа да важи една година. Во моментов тоа го прават  советите на општините, а РКЕ утврдува најниска и највисока цена.  Со овој потег велат од регулаторна не треба да се очекува зголемување на цената на водата, а ако дојде до тоа, поскапувањето би било минимално од 10 до 20 денари во сметката на месечно ниво.

ОД РКЕ информираат дека од септември за  100 евра ќе поевтини и новиот приклучок за струја. За оваа услуга на Електро- дистрибиција домаќинствата наместо 500 тини ќе и плаќаат  400 тини евра. Од регулаторна сметаат дека оваа  одлука значително ќе ги намали трошоците на инвеститорите кои градат згради. 

–Реално со одлуката на инвеститорите на згради  ќе им се намалат трошоците по 100 евра од стан и очекувам тоа да им се одрази  и на цената на становите. Го зголемивме и опфатот на стандардни приклучоци со цел повеќе граѓани при приклучувањето на своите куќи на мрежата да имаат намалени трошоци за услугата, изјави Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

Од РКЕ информираат  дека прифатени се и најголем дел од барањата што ги поднеле исклучените од парно.