Свет
4. March 2016 - 15:09

Регрутирал џихадисти за ИД, ама водел и двоен љубовен живот

 

Верскиот учител на лидер на албанските џихадисти во Сирија, Лавдрим Мухаџери, како и на многу други Косовци кои заминаа да војуваат во редовите на џихадистичката група Исламска држава (ИД), и не бил толку голем „светец“ како што се прикажувал.

Имено, поранешниот имам на џамијата „Ел Кудус“ во Гњилане, Зекрија Ќазими додека ги задојувал младите и ги испраќал да се борат во името на „светата војна“, наоѓал време и за својата љубовница, иако бил оженет.

СМС пораките до кои дошле новинарите на приштинскиот весник „Експрес“ потврдува дека оџата имал љубовна афера со разведена жена.

Од телефонската комуникација во 2013 година произлегува дека „благочестивиот имам“, кој моментно е во затворот од висок степен на безбедност во Грдовци, имал љубовна врска надвор од бракот.

- Имамот Зекерија Ќазими (36), татко не четири деца, по извршувањето на верските обврски, секојдневно патувал од Гњилане во Приштина, за да се сретне со својата љубовница, за која не штедел при финаниското издржување, пишува „Експрес“.