Балкан
25. January 2016 - 15:24

Реглинг: Порано или подоцна Грција ќе остане без пари

Порано или подоцна Грција ќе има проблеми со ликвидноста, оценува шефот на Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) Клаус Реглинг, објави грчкиот весник „Етнос“.

Тој тврди дека ако под итно не се реформира грчкиот пензиски систем за пет години ќе нема пари за пензии.

Реглинг наведува и дека нема опасност од нова грчка криза оваа година.

- Ситуацијата е целосно различна, во првите шест месеци на минатата година работите беа катастрофални, тогашниот министер за финансии на Грција воопшто не соработуваше со европските институции. Од минатото лето со актуелниот министер за финансии имаме доверба, но ситуацијата сепак е тешка, но сега ние соработуваме со Грција и делиме едни и исти цели, посочи Реглинг.