Loading Video...
Македонија
10. April 2020 - 19:49

Регистрирано првото медицинско лице заразено од Ковид-19 на истокот од земјава

Еден болничар е позитивен, а докторка инфектолог е негативна на Ковид-19, покажаа првичните тестови. Toa e прв случај на Истокот медицинско лице да биде заразено со корона вирус. Се уште се чекаат резултатите од тестирањето на останатите, една докторка, 8 медицински сестри и тројца болничари, вработени на инфективното одделение при штипската клиничка болница.

Медицинскиот персонал од инфективното одделение мораше да замине во самоизолација поради тоа што беа во контакт со 80-годишната пациентка која почина од корона вирус. Таа на одделението беше примена со претходни два негативни теста и дијагноза бронхопневмонија, но третиот тест покажа позитивен резултат.-стенд ап

На инфективното одделение денес се хоспитализирани 4 нови пациенти од Кочани. Станува збор за четиричлено семејство, односно маж и жена и две полнолетни деца.  Пациентот од Кочани кој имаше средна клиничка слика, поради влошување на состојбата е пренесен на Инфективната клиника во Скопје.  Хоспитализирана е и жена од Штип, па сега на одделението вкупно има 8 пациенти чија здравствена состојба е стабилна. Инаку, во Штип има 21 регистрирани случаи позитивни на Ковид-19. Од нив едно лице почина, а двајца се излекувани.